400
Српски туристи во објава на фејсбук групата Никана.гр вчера објавија за непријатна ситуација кога нивниот автомобил на враќање од Грција се запалил кај Гевгелија.
Тие велат дека и покрај тоа што гаселе со два противпожарни апарати нивниот автомобил изгорел за 2 минути.
Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на Евзони кон Србија. Испразнив два против пожарни уреди. И луѓе застанаа да помогнат, но немаше цел. Добро сме. Автомобилот беше сервисиран пред патувањето, одржуван, се е исправно. Немам поим што се случи, за 2 минути се изгоре. Битно е дека сме ок велат од семејството.