Пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога автомобил влетал во толпа луѓе во Ерусалим, соопшти денеска израелската полиција.
Возачот, кој е идентификуван како осомничен Палестинец (39), бил „неутрализиран на лице место“.
„Граѓанин кој го видел инцидентот и бил блиску до местото на настанот пукал и го неутрализирал терористот, кој подоцна бил прогласен за мртов на лице место“, се вели во соопштението на полицијата, пренесе Тајмс оф Израел.
Инцидентот беше окарактеризиран како терористички напад, а во таа прилика се огласи и премиерот Бенјамин Нетанјаху и најостро го осуди.
Prime Minister Netanyahu:
"A few minutes ago, not far from here, there was another attempt to murder Israeli citizens. This terrorist attack, in this place, at this time, reminds us that the land of Israel and the State of Israel are acquired through many trials and tribulations.— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) April 24, 2023
Осомничениот од безбедносни причини не и бил познат на полицијата.
Израелската служба за итни случаи, Маген Дејвид Адом соопшти дека укажала на три повредени лица.
Меѓу нив има и 50-годишен маж, кој бил во несвест и во тешка состојба.