Автомобил удрил во велосипедист кој е тешко повреден

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во Куманово автомобил удрил во велосипедист, информираа од МВР.

Според полицијата, пред два дена околу 05.40 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, патничко возило  „Сеат Кордоба“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ш. (61) од Куманово удрило во велосипед управуван од С.Б. (56) од Куманово. Од ударот, велосипедистот С.Б.  се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничка болница Куманово, но поради сериозноста на повредите веднаш бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Поврзани новости