340
Седумгодишно дете бил прегазено завчера и веднаш пренесно во болница, информираа од МВР.
Според полицијата, завчера во 18,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје во село Студеничани, скопско, патничко моторно возило “Фолксваген пасат“со италијански национални ознаки управувано од Р.А.(35) од Скопје удрило во пешак-дете на возраст од седум години. Детето со истото возило бил пренесено во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и било задржано на понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.