76
Автомобил удрил работник кој ја косел тревата на експресниот пат Штип-Кочани.
Тешко повреден е 42-годишниот работник И.К од Штип, а во него удрил возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.
Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми. Во тек е увид од страна на јавен обвинител.