Автомобил удри во бандера и се запали, полицајците го извлекоа возачот од пламенот

by Fokus

Страшна несреќа преживеа 23-годишен маж од американската држава Њу Џерси, благодарение на полицајците и нивната брза реакција.

Надлежните велат дека момчето било пронајдено во безсознание зад воланот на 28 јуни, додека автомобилот се запалил.

Непосредно пред несреќата, органите на редот забележале автомобил како се движи со голема брзина. Патролата продолжила да патролира во областа и токму тогаш била откриена страшната сцена.

Возилото удрило во бандера, а пламенот брзо се проширил. Се гледа како полицајци го извлекуваат младиот човек на безбедно место.

Набрзо пристигнале пожарникарите, а пожарот бил изгаснат, а возачот е пренесен во болница, пренесува Itemfix.

„Со брзата и одлучна акција на полициските службеници се спречени сериозни повреди“, соопштија надлежните.

Поврзани новости