2
На 26.10.2024 во 10.15 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Гоце Делчев“ во Неготино, патничко возило „тојота“ со неготински регистарски ознаки, управувано од М.Ќ.(68) од Неготино, удрило во 77-годишната Л.М. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител од Кавадарци, увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.