Автомобил тешко повреди 66-годишен велосипедист од Скопје

by Fokus

МВР извести дека вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во село Марино, општина Илинден, возило „форд фиеста“ управувано од З.Ј.(56) од Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости