Автомобил се преполови во сообраќајка во Хрватска

by irena 14:08
14:08

Во Хрватска вчера околу 11:25 часот на патот помеѓу Привлака и државниот пат Д-55 (Винковци – Жупања), 63-годишен возач на автомобил со српски национални ознаки ја изгубил контролата врз возилото поради несоодветна брзина по излегувањето од кривината.

Автомобилот скршнал, преминал на спротивната сообраќајна лента и се судрил со возило управувано од 44-годишен маж.

Поради силата на ударот, автомобилот со српски ознаки се преполовил на половина.

Во несреќата тешко се повредени 63-годишниот возач и едно дете, додека 44-годишниот возач и тројца патници од другото возило се здобиле со полесни повреди.

Против 63-годишникот е поднесена кривична пријава до надлежниот државен обвинител за предизвикување сообраќајна несреќа.

Слични вести