Досега четворица кандидати за државен јавен обвинител – рокот за пријавување истекува на полноќ

by irena 13:49
13:49

До денеска вкупно четири пријави пристигнале на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Од собраниската прес-служба потврдуваат дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не откриваат детали за тоа кои се подносителите.

Рокот за пријавување во согласност со законот истекува денеска на полноќ.

Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија, што го распиша Собранието, досега ја потврди поранешниот претседател на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски.

Во пријавата на Панчевски поднесена на 21 јануари до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

– Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од овој закон – се наведува во пријавата од Панчевски до Собранието.

Пријавување за функцијата најави и поранешниот виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи.

Љупчо Коцевски во декември лани поднесе неотповиклива оставка на функцијата државен јавен обвинител.

До изборот на нов за вршител на должноста е избрана Анита Тополова-Исајловска, досегашен заменик-републички јавен обвинител.

Слични вести