537
Автомобил прегази пешак на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.
Според информациите од СВР Куманово, несреќата се случила вечерва, а пешакот починал на самото место.
-Во 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населба Карпош, патничко моторно возило “ауди”, управувано од Н.Т.(22) од село Добрача, Старо Нагоричане, удрило во пешакот З.Ѓ.(59) од Куманово. Во незгодата пешакот З.Ѓ. починал на самото место, соопшти полицијата.
Увидот е во тек.