533
Денеска (17.09.2024) во 12.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(25) од с.Камењане, тетовско, удрило во пешакот Р.Р.(61) од с.Теарце, тетовско.
Од здобиените повреди, пешакот Р.Р. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.