224
Четириесет и осумгодишен маж починал откако бил прегазен од автомобил на улицата „Маршал Тито“ во Нов Дојран.
„На 09.12.2023 во 21.10 часот било пријавено дека во Нов Дојран, на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран.
На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“ соопшти МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.