Автомобил полн со мигранти удрил во друго возило на наплатна рампа и побегнал

by Fokus

На 10.03.2024 во 10.26 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Гевгелија, на наплатна станица „Сопот“, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки удрило во патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(35) од Скопје, по што го напуштило местото.

По преземени мерки, полициски службеници во близина на с.Сопот го пронашле возилото и во него затекнале пет лица мигранти од Народна Република Кина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Поврзани новости