Автомобил паднал во Радика, три лица загинaа

by Фокус

Три лица загинале, а едно е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.

Според првичните информации, автомобилот со кој се превезувале жртвите излетал од коловозот кај Стрезимирски мост и паднал во Радика.

Се работи за патничко моторно возило „Рено“ со германски национални ознаки кое излетало од коловозот околу 16:50 часот.

На местото на несреќата, првично починале три лица – две машки и едно женско, а едно женско лице е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на укажување лекарска помош.

Екипи на СВР Тетово се на местото на настанот и наскоро се очекува да започне увид, што ќе го врши јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар.

Поврзани новости