АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА: НОВИОТ PEUGEOT 308 Е ПРОГЛАСЕН ЗА ПОБЕДНИК

by Фокус

На 26 октомври 2021 година, жирито за „Автомобил на годината во Германија“ го прогласи новиот PEUGEOT 308 како победник, меѓу 11 кандидати од 9 производители на автомобили во компактната класа. За жирито, стратегијата „Моќта на изборот“на PEUGEOT беше во особен фокус: клиентите можат да избираат помеѓу бензин, дизел и два плуг-ин хибридни мотори. Дополнителни причини за доделување на наградата на компактното возило се модерната технологија, дигиталниот и индивидуално програмираниот PEUGEOT i-Cockpit како и новиот дизајн со новото лого на PEUGEOT.

Компактното возило од брендот PEUGEOT е прогласено за победник, како и неговиот претходник кој има добиено многу награди, вклучително и наградата „Автомобил на годината за 2014 година“.

Оваа награда е најпосакувана награда во автомобилската индустрија.

„Ова е прва награда за новата генерација на PEUGEOT 308. Многу сме горди што 308 успеа да се наметне во компактната класа во Германија. Голема благодарност до жирито за автомобил на годината во Германија и целиот тим на PEUGEOT. Успехот, исто така, ни покажува дека сме на вистинскиот пат со стратегијата „моќта на изборот“ и нашиот постојан пат кон електромобилноста. Со новиот PEUGEOT 308, веќе електрифициравме 80 отсто од нашата понуда на автомобили“, изјави Хаико ван дер Луит, извршен директор во ПЕУГЕОТ Германија

Нов PEUGEOT 308: израз на новиот идентитет на брендот

Како прво сериско возило со новото лого, PEUGEOT 308 е израз на новиот индентитет на брендот PEUGEOT. Фул ЛЕД предните светла го прикажуваат типичниот светлосен потпис на брендот (вертикални напред и со форма на три лавовски канџи назад).

Најсовремените системи за помош при возење, како што се камерата за возење наназад, системот за предупредување од можен судар, помошта за следење на слепи точки со досег од 75 м, помошта за сопирање при итни ситуации и активниот систем за предупредување за напуштање лента со интервенција на управувачот обезбедуваат дополнителна безбедност при возење.

PEUGEOT i-Cockpit (компактен управувач, хед-ап дисплеј, централен екран на допир) е дополнително развиен и модернизиран кај новиот PEUGEOT 308. Co i Connect Advanced и дигиталните и-Tiggles, моделот има интуитивен и мрежно поврзан инфозабавен систем.

Верен на слоганот „моќта на изборот“, новиот PEUGEOT 308 се нуди во две плуг-ин хибридни верзии (електричен и бензински мотор 180 КС и 225 КС) како и со мотор со внатрешно согорување со различни бензински или дизел мотори. Целосно електрична верзија ќе следи во 2023 година.

Поврзани новости