Автомобил кој возел во спротивна насока се судри со автобус на ЈСП

by Fokus

Во текот на вчерашната вечер околу 23 часот, автобус на ЈСП број 24 и автомобил се судриле во скопската населба Кисела Вода.

Автомобилот марка „пежо“ возел во спротивна насока и директно удрил во автобусот.

Како што велат сведоците, возачот на автомобилот бил тешко повреден и бил во алкохолизирана состојба.

Поврзани новости