Автомобил излетал од патот Велес-Каратманово, возачот тешко повреден

by Fokus

Дваесет и седумгодишен возач од Велес е тешко повреден кога со автомобилот излетал од патот Велес– с.Каратманово кај место викано „Штипска клучка“.

На 11.01.2024 во 06.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес– с.Каратманово кај место викано „Штипска клучка“ патничко моторно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(27) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани новости