Автомобил, со четворица патници, излетал од патот и паднал во Вардар

by fokus

Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

Од МВР информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

Според неофицијални информации, во возилото бил постар брачен пар, еден од нивните синови и снаата.

Петтиот сопатник, 5-годишно дете, било пронајдено од случајни минувачи и со нивна помош е пренесено во болницата 8 Септември во Скопје.

Поврзани новости