387
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на патот Битола-Пелистер, кога возило излетало од патот, при што било повредено 18-годишно момче.
-Вчера, во 14.10 часот било пријавено дека на патот Битола-Пелистер пред с.Магарево патничко моторно возило “опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(18) од Битола, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Р.(18) од Битола, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, информираат од МВР.