0
Денеска (31.12.2024) во 03.40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат од населбата Теферич кон с.Шум, струшко, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.О.(27) од Охрид, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Л.М.од с.Заграчани, струшко, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.