0
Денеска (09.02.2025) во 03.25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во атар на с.Злетово, пробиштипско, патничко возило „опел корса“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(44) од с.Злетово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.