Автомобил излета од патот кај Штип, тешко повреден возачот

by Fokus

Денеска (04.09.2024) во 00.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, на клучката Штип – Велес кон с.Кадрифаково, патничко возило „даеву ланос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(38) од Штип излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани новости