257
На 05.10.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Стрмош, патничко возило „опел антара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Пробиштип, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.