2
Тешка сообраќајна несреќа во која автомобил „БМВ“ излета од булеварот „Гоце Делчев“ и се заби во страничниот ѕид покрај пешачката патека крај коловозот, се случи попладнево под Скопското Кале, во близина на плоштадот „Скендербег“.
На местото на несреќата автомобилот прво изгубил контрола и се качил на пешачката патека над булеварот, по што повторно се излизгал и паднал на коловозот. Возило на итната медицинска помош го пренело возачот на автомобилот.
Сообраќајната несреќа предизвика метеж во овој дел од градот, бидејќи сообраќајот на булеварот се одвиваше по една лента додека траеше увидот. Според информациите од МВР, повреден е само возачот на автомобилот.