ЈЗУ Општата болница во Охрид доби 10 електрични кревети како донација, во износ од 20.000,00 евра од автомат клубовите „Астра“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија .
Станува збор за акција каде членките на групацијата НОВОМАТИК донираат потребна медицинска опрема на здравствени установи во државата кои се соочуваат со борбата против COVID-19 вирусот.
Како компанија автомат клубовите „Астра“ веруваат дека овој предизвик може да се надмине заеднички, со несебична помош и поддршка онаму каде што е потребно, бидејќи се бориме за заедничка цел, зачувување на нашето колективно здравје.
Креветите се хидраулични со промена на положбата на телото на потребите на пациентот и се наменети за интерното одделение кое е најфреквентно одделение во Општа Болница Охрид и регионален центар за општа интернистичка патологија со посебни соби за изолација за сомнителни недокажани пациенти од различна патологија кои се поврзани со COVID-19. – изјави Др. Горан Балевски, директор на болницата.
Со почит,
АВТОМАТ КЛУБОВИ „АСТРА“
ГРУПАЦИЈА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА