„Автограм“ од Цеца и за Чавков

by Фокус

Балканската фолк ѕвезда Цеца пееше пред 12.000 посетители вчера, на својот голем концерт на стадионот „Кукуш„ во село Турново, Струмица. Помеѓу многуте гости, беше и министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, кој, како голем фан на фолкерката, се најавил дека ќе дојде да го проследи нејзиниот настап.

Организаторите на настанот – менаџерскиот тим на Платиниум Клуб, велат дека се поминало без инциденти, а фолк дивата пеела два часа пред еуфоричната публика која што неколкупати ја враќала на бис.

-Влезниците за ВИП делот беа распродадени уште пред една недела, а цената им беше 1.000 денари. Останатите влезници се продаваа по цена од 600 денари, и интересот беше навистина голем. Обезбедивме и бесплатен паркинг простор на површина од 35.000 метри квадратни, соодветно одбележан и осветлен. Не оставивме ништо на случајноста, сите мерки на безбедност беа запазени. На публиката само и преостануваше да ужива во хитовите на Цеца – ни изјавија од Платиниум Клуб.

ceca1

Од таму додаваат дека и покрај тоа што е голема ѕвезда, Цеца била доста скромна и немала некои посебни барања. Таа била сместена во Вила Парк во Струмица и го искористила и денешниот ден за одмор во Македонија.

Во многубројната публика, помеѓу гостите од речиси сите градови од земјава, имало и посетители од соседна Бугарија, но и познати лица од јавниот живот.

-Беа присутни градоначалниците на Општина Босилово и Општина Василево со понежните половини, поранешната фудбалска ѕвезда Јане Николовски, а ни беше најавен дека ќе дојде и министерот Чавков кој што по потекло е од струмичко Ново Село. Се надеваме дека сите гости уживаа во промоцијата на новиот албум на Цеца насловен „Автограм“, но и во постарите хитови кои што публиката ги пееше во ист глас со неа. Вечерва продолжуваме со спектакли во Турново, ќе ни пее кралот на фолк музиката, Шабан Шаулиќ, а влезниците за неговиот концерт се со цена од 300 денари – велат организаторите.

cavkov1

Поврзани новости