Автобусот се запалил уште пред да удри во банкината?

by fokus

Автомобилистот Румен Дунев во своја анализа за вчерашната несреќа во која загинаа 45 граѓани од Македонија, вели дека автобусот имал двапати кочел и дека возачот на автобусот не спиел.

– Еден пат е непосредно пред островот, пред автобусот да удри во островчето. И вториот пат непосредно пред да удри во втората заштитна ограда. Возачот на автобусот не спиел. Непосредно пред несреќата има поправка на коловозот, каде што поминува од една во друга коловозна лента, каде што патот е стеснет, т.е. ако почнал да заспива тој таму ќе направел несреќа – вели Дунев.

Тој тврди дека автобусот се запалил уште пред да ја однесе заштитната ограда од свртувањето.

– Бидејќи од фотографиите што ги има, гори и заштитната ограда, првата што ја удира. Направивме многу детален преглед да видиме дали проблемот е од пукната гума. Имаше траги – изјави Дунев.

Поврзани новости