Автобуската линија 15А наместо преку „Рекорд“ пробно ќе вози по „Гоце Делчев“

by Fokus

Градските автобуси на линијата 15А од Ново Лисиче до Карпош 4 почнаа да сообраќаат по изменета траса, односно наместо преку „Рекорд“, ќе поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“.

– Возилата на посочената линија ќе ги користат постојните, утврдени автобуски постојки долж трасата, а ќе возат по истиот возен ред како и до сега. Изменетиот режим на 15А ќе важи 3 месеци, односно станува збор за пробен период. Одлуката за ваквиот режим е донесена по барање на граѓаните, информираат од ЈСП.

На трасата на движење во насока од Ново Лисиче (терминал) кон Карпош 4, возилата како и до сега ќе се движат по улица „Февруарски поход“, булевар „Видое Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па, преку булевар „Крсте Петков Мисирков“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Илинден“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ и улица „Љубљанска“ во Карпош 4 (терминал).

Во насока, пак, од Карпош 4 (терминал) кон Ново Лисиче, возилата ќе се движат по булевар „Илинден“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Крсте Мисирков“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Видое Смилевски Бато“, улица „Февруарски поход“, до терминал во Ново Лисиче.

Поврзани новости