508
Град Скопје попладнево им се извини на скопјани што сообраќајната полиција не била во можност да постави патроли и да го запре сообраќајот кон Водно. Во извинувањето се вели дека за денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да пристигнат автобуси од другите градови.
-Сообраќајната полиција денеска не беше во можност да постави патроли на двата влеза на Водно заради најавените протести во центарот на Скопје и очекуваните автобуси од другите градови. Им се извинуваме на рекреативците за малкуте возачи кои не ги почитувале знаците за забраната за движење за викенди и празници, велат од Град Скопје.