Автобус усмртил пешак кај Гостивар, возачот лишен од слобода

by Fokus

Вчера попладне бил усмртен пешак на автопатот Гостивар – Тетово, кога автобус удрил во него. По наредба на Јавен обвинител, возачот на автобусот е лишен од слобода и задржан во ПС Гостивар за понатамошна постапка.

„На 28.12.2018 година во 18,50 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај Дебрешки надвозник, се случила сообраќајна незгода во која автобус со гостиварски регистерски таблици управуван од А.А.(50) од с.Долна Бањица – гостиварско, удрил во пешакот И.Д. (52) од с.Форино-гостиварско. Од повредите на местото на настанот починал И.Д.. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител возачот А.А. бил лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости