480
Единаесетгодишно дете е тешко повредено откако додека се возело на велосипед во него удрил автобус.
-На 11.08.2018 година во 19.40 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од с.Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга. Од ударот дететот се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.