Автобус со украински бегалци се преврте во Италија

by fokus

Автобус кој пренесувал бегалци од Украина се превртел во Италија, соопштија тамошните власти. Во несреќата едно лица загина, а неколку се повредени.

Несреќата се случила на автопат во северниот дел на земјата, меѓу Чезена и Римини. Од засега непознати причини возачот изгубил контрола и автобусот излетал од патот.

Во автобусот имало вкупно 50 патници.

Поврзани новости