399
Рано утринава автобус со српски туристи се превртел на автопатот 53 во Унгарија, при што повредени се 15 лица. Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи. 12 завршиле во болница, а на тројца им била укажана помош на лице место.
Автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец, а потоа со полна брзина се превртел. Завршил во грмушките покрај патот, целосно превртен на страна.
Луѓето потоа кршеле стакла за да излезат од превртениот автобус. Меѓу повредените има и деца.