Автобус се судри со автомобил кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје

by Fokus

Сообраќајка помеѓу автобус и автомобил марка „голф 4“ се случи попладнево на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, во близина на плоштадот „Скендербег“.

Во овие моменти, полицијата врши увид и сообраќајците го регулираат движењето на автомобилите на соседните крстосници. Засега нема информации за повредени лица.

Фото – 360 Степени

Поврзани новости