Автобус изгоре на стојалиштето под Железничка станица

by Fokus

Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.

Автобусот го гаснат десетина пожарникари со две возила. Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски за МИА изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.

Нема повредени лица. Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот

Поврзани новости