Австриското МНР под сериозен кибер напад

by Fokus

Австриското Министерство за надворешни работи е „под сериозен кибер напад“, соопштија од таа институција синоќа, предупредувајќи дека друга држава можно е да биде одговорна.

„Со оглед на сериозноста и природата на нападот, не може да се исклучи дека станува збор за насочен напад и дека е извршено од државен актер, соопшти министерството во заедничката изјава со Министерството за внатрешни работи.

Беа преземени итни мерки и формиран е „комитет за координација“, но не беа дадени детали.

Нападот се случи откако австриските Зелени потврдија влез во коалиција со конзервативците на партискиот конгрес во Салцбург.

Поврзани новости