551
Правото на провокативен и шокантен начин да се изнесе политичко мислење претставува фундаментален дел од слободата на изразувањето, пресуди Апелациониот суд во Австрија по една пријава за навреда од австриски политичар.
Вицеканцеларот на земјата и лидер на австриската крајна десница, Хајнц Кристихан Штрахе, обвини активисти на една радикална левичарска група дека јавно го навредувале на една манифестација кога осамна видео од инцидентот на социјалните мрежи.
Во видеото се гледа дека групата крајнолевичари набројува причини поради кои, како што велат, имаат право да му кажат „е*и се“ Штрахе и покажуваат среден прст.
Судот, кон кој било поднесено обвинението, тоа го отфрлило, а во понатамошна постапка одлуката ја потврдила и Апелација.