Австрискиот канцелар бара истрага за воени злосторства во Украина

by Fokus

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека неговата земја е воено неутрална, „но разбираме дека мораме да помогнеме таму каде што се случуваат неправди и воени злосторства“.

Австрија ги поддржува санкциите на Европската унија против Русија и блокот е подготвен да спроведе повеќе санкции, рече Нехамар на заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нехамер ќе го посети градот Буча, кој го нарече „место на воени злосторства“.

-Мораме да им ги кажеме на ОН тие воени злосторства и меѓународната правда мора да започне со истрага и борба против овие злосторства, рече тој.

Зеленски му се заблагодари за досегашната поддршка што ја доби Украина и го повтори повикот за повеќе санкции кон Русија.

Поврзани новости