Австриски диригент колабирал среде концерт и починал

by Фокус

Австрискиот диригент Стефан Солтес почина во петокот навечер откако колабирал за време на оперска изведба во Минхен, објави операта на германскиот град.

„Со запрепастување и длабока тага Баварската државна опера ја објавува и ја потврдува веста за смртта на Стефан Солтес“, се вели во соопштението.

Солтес почина во петокот вечерта откако колабрира на сцената за време на изведбата на „Тивката жена“ на Ричард Штраус додека диригираше со оркестарот во Националниот театар во Минхен.

Засега нема детали за причината за неговата смрт.

Главниот директор на баварската опера Серж Дорни на Твитер напиша дека е „длабоко тажен“ поради смртта на диригентот (73).

Поврзани новости