Австрија воведува задолжителни тестови на почеток на учебната година

by fokus

Учениците и наставниците ќе треба да се тестираат за коронавирус три пати неделно, без оглед дали се веќе вакцинирани или не, во текот на првите три недели од учебната година во Австрија.

-По овој прв чекор, мерките за коронавирусот ќе бидат одредени во зависност од регионалната инциденца на инфекција – изјави денеска австрискиот министер за образование Хајнц Фасман.

Тестови потоа ќе се вршат само на доброволна основа, сe додека седумдневната инциденца на 100.000 жители е под 100.

Маските ќе бидат задолжителни на отворено ако инциденцата е помеѓу 100 и 199 и мора да се користат во училници во случај на повисока стапка.

Во моментов, инциденцата е над 100 во четири австриски провинции, и помала во останатите пет. Меѓу децата и тинејџерите, таа е значително повисока од вкупната популација.

Учебната година почнува на 6 септември во источна Австрија и една недела подоцна во остатокот од земјата.

Поврзани новости