Австрија воведува целосен карантин и задолжителна вакцинација за сите

by fokus

Австрија од понеделник оди во целосен карантин, а од 1 февруари се воведува задолжителна вакцинација за сите, објави на прес-конференција автрискиот канцелар Александар Шаленберг додека земјата урива рекорди на бројот на заразени од почетокот на пандемијата.

-Не сакаме да ни се случи петти бран. Не ни е лесно да донесеме таква одлука, не ни е тоа драго. Сакам да се извинам поради ова, порачаа канцеларот и австрискиот министер за здравство.

Австрискиот канцелар смета дека антиваксерите и оние кои шират дезинформации за вакцините се виновни за рекордните случаи на корона во Австрија.

-Премногу луѓе меѓу нас не се вакцинирани, тие се поттикнати од лажните вести кои ги шират радикалните антиваксери. Резултатите од тоа се пренатрупани единици на интензивна нега во болниците. Поради тоа донесовме тешка одлука и од 1 февруари вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите, рече Шаленберг.

Целосниот карантин автоматски завршува на 13 декември, но само за вакцинираните и оздравените, а за останатите и понатаму останува на сила.По десет дена ќе се биде направена проверка дали овие мерки донеле резултати, а во случај на позитивна авалуација, карантинот ќе се укине за вакцинираните.

Се воведува обврска за носење маски FFP2 во сите затворени простории и на работните места. Австрија со 66 отсто вакцинирани спаѓа во европските со најниска стапка на вакцинација.

Ова се новите мерки во Австрија
– Карантин од 0 до 24 за сите – и вакцинирани и невакцинирани
Австријците смеат да го напуштат своето живеалиште само во исклучителни случаи, како набавка на намирници, посета на лекар, аптека или одење на работа, иако се препорачува работа од дома, освен во Виена каде е задолжителна работа од дома. Почитувањето на овие мерки ќе се проверуваат, а прекршоците ќе бидат санкционирани со казни до 1450 евра.

– Училиштата се отворени, но препорака до родителите е децата да бидат оставени дома. Маски мора да имаат сите кои доаѓаат во училиштата.

– Се забрзува вакцинацијата и од 1 февруари сите ќе мора задолжително да се вакцинираат

– Се предвидуваат остри полициски контроло и високи казни од 1450 евра за одбивање на контрола дали е некој вакциниран или прележал, а иста е и казната за кршење на полицискиот час.

– Се препорачува работа од дома, освен во некои делови од Австрија каде е задолжителна работата од дома.

– Задолжително носење на маска FFP2 во затворени простории и на работното место

Поврзани новости