705
Од полноќ во Австрија е на сила нов режим за влез во државата, според кој без карантин можат да влезат само оние кои го исполнуваат таканареченото правило „2Г плус“ или примиле бустер доза.
Според новата регулатива, во земјата можат да влезат само лица кои имаат потврда за вакцинација или за прележан Ковид-19, но со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.
Оние кои примиле засилена доза на вакцина против корона вирус се ослободени од тестирање за ковид.
Секој што ќе влезе во Австрија без тест и не примил бустер доза ќе мора да оди во десетдневен карантин. Карантинот може да се прекине само по пет дена изолација со негативен ПЦР тест направен во Австрија.