Австрија славеше во Берлин и e првa во групата Д, Франција ремизираше со Полска

by Fokus

Фудбалерите на Австрија славеа во натпреварот со Холандија со 2-3. Австрија го освои првото место во групата Д.

Франција одигра нерешено со Полска во Дортмунд (1-1) и заврши на второто место.

Холандија иако третопласирана, сепак ќе игра во осминафиналето на ЕВРО 2024.

Холандија несреќно си постигна автогол во шестата минута, кога Дониел Мален ја затресе сопствената мрежа. Коди Гакпо во 47. минута израмни, но Романо Шмид во 59. минута повторно ја доведе Австрија во водство.

Мемфис Депај уште еднаш израмни во 75. минута, но Марсел Сабицер постигна одличен гол од левата страна во 80. минута, осигурувајќи ја победата на Австрија.

Во Дортмунд пак, од пенал Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Франција. Потоа беше досуден пенал и за Полска, кој Роберт Левандовски успешно го реализираше во 79. минута, за конечни 1-1.

Поврзани новости