Австрија прифати да плаќа за руски гас во рубљи

by Fokus

Официјална Виена се согласи со австриската компанија за нафта и гас OMV да плаќа за испораките на руски гас во рубљи со отворање на сметка во руска банка, соопшти австрискиот канцелар, Карл Нехамер.

Според новата руска шема, купувачите од земјите што Москва ги идентификува како „непријателски“ ќе трансферираат свои средства за купување во странска валута во „Гаспромбанк“ која, пак, ќе купува рубљи на берзите и ќе ги префрла на увозниците на посебни сметки во рубљи од кои ќе се вршат исплатите.

Австрискиот министер за енергетика, Леонере Гевеслер изјави дека земјата не може да ги наполни своите складишта во текот на годината без руски гас.

Австрија во моментот е 80 отсто зависна од рускиот гас. Според Гевеслер, треба да се бараат алтернативни добавувачи.

Поврзани новости