Австрија поплавена, излеаната вода од реките на некои места е и до еден метар

by Fokus

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе делови во Австрија, а најтешка е ситуацијата во градот Русбах, кое е отсечено од светот.

Властите апелираат населението да не ги напуштаат домовите, да избегнува возење со автомобили и поради својата безбедност да се задржува во повисоките делови на куќите.

Реката Русбах во истоименото место се излеа преку коритото и поплави одредени делови, а на некои места водата е и до еден метар.

Обилни дождови синоќа ја погодија покраината Салцбург. Водостојот на реката Салц, кој поминува низ Салцбург, за три часа порасна за три метри. На територијата на покраината Салцбург наврна од 80 до 100 литри дожд на метар квадратен.

Поврзани новости