Австрија ќе ги затвара училиштата ако има недостиг на гас

by Fokus

Австриските власти разработуваат план за вонредна ситуација што би настанала доколку престанат испораките на гас од Русија, со можно повторно затворање на образовните установи во земјата.

Според виенски „Стандард“, Сојузот на градовите во Австрија веќе донел конкретни мерки што ќе бидат применети доколку Австрија остане без гас.

Мерките предвидуваат делумно загревање на канцелариите и јавните установи, што ќе важи и за училиштата.

Доколку дојде до недостиг на гас, училиштата ќе бидат затворени, а наставата ќе се одвива онлајн, како што беше за време на епидемијата на коронавирусот.

Поврзани новости