Австрија го поддржа повикот на Белгија да продолжи со постапката за одземање на гласачкото право на Унгарија, што е уште еден знак на фрустрација во Будимпешта пред почетокот на нејзиното шестмесечно претседавање со Советот на ЕУ во јули, пренесува бриселско Политико.
„Очекуваме сите 27 земји-членки целосно да ги почитуваат принципите на кои се заснова нашата заедничка Унија“, изјави за весникот портпаролот на австриското Министерство за надворешни работи.
Тој додаде дека тоа особено важи за претстојното претседавање со ЕУ.
„Имајќи го тоа на ум, го поддржуваме ригорозното продолжување на постапката од член 7 против Унгарија“, рече тој.
Белгија, актуелен претседавач со Советот на ЕУ, ги повика владите на земјите-членки на ЕУ да размислат за продолжување на постапката според членот 7 од Договорот за ЕУ, што ќе овозможи повлекување на гласачкото право на Унгарија во Унијата.
Белгискиот министер за надворешни работи Аја Лабиб претходно во интервју за весникот изјави дека „треба да одиме до крај“. Тој тврди дека е дојдено време за „момент на вистината“ и дека е потребна политичка храброст и волја.
„Ако одиме до крај со тој механизам, мора да функционира. Ако не успее, мора да го реформираме. Тоа е иднината на ЕУ“, изјави белгискиот министер за надворешни работи.
Европскиот парламент ја започна првата фаза од постапката за член 7 против Унгарија уште во 2018 година, поради назадување во владеењето на правото, но тој процес е блокиран.
Во декември 2022 година, Европската комисија блокираше 22 милијарди евра од кохезионите фондови на ЕУ наменети за Унгарија, наведувајќи голем број мерки што треба да се спроведат за парите да завршат на сметките на Будимпешта, меѓу кои клучни се оние поврзани со зајакнувањето на независност на судството.
Освен тоа, на Унгарија и беа одбиени повеќе од 10 милијарди евра заеми и евтини грантови, чија исплата беше условена со усвојување на низа антикорупциски мерки.
Сепак, на крајот на минатата година, Комисијата на ЕУ деблокираше повеќе од 10 милијарди за Унгарија, откако Будимпешта именуваше дел од законот поврзан со зајакнувањето на Националниот судски совет и Врховниот суд.
Неколку земји-членки стравуваат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан би можел да го злоупотреби претседавањето со Унијата, особено кога станува збор за одлуките на Советот на ЕУ за војната во Украина, санкциите против Русија, европската интеграција на Украина, мигрантската политика и други теми. за кој Брисел и Будимпешта се расправаат со години, а Орбан ја користи секоја прилика да го покаже својот уценувачки потенцијал заканувајќи се со вето.
Откако Брисел се откажа од слична постапка против Полска, Унгарија е единствената земја од ЕУ која се соочува со ваков вид санкции.