Австрија ги укинува строгите мерки, од февруари почнува задолжителна вакцинација

by Fokus

Спроведувањето на строги мерки како карантин за лица што не се целосно вакцинирани против коронавирусот престанува да важи в понеделник на 31 јануари, изјави австрискиот министер за здравство Волфганг Микштејн.

Тој рече дека мерките ќе бидат укинати како резултат на помалиот притисок на болниците.

„Заклучивме дека строгото затворање на невакцинираните луѓе во Австрија е оправдано само во случај на закани од непосредно оптоварување на капацитетите на одделенијата за интензивна нега, истакна Микштејн на конференцијата за новинари во Виена.
Микштејн додал и дека според експертите повеќе не се потребни строги мерки за затворање во земјата.

Пред два дена само 3.259 лица ја примиле првата вакцина, што е најниска вредност во минатата година.
Исто така, седумдневниот просек на дадени вакцини падна од 30.370 на 26.620.

Микштајн очекува задолжителната вакцинација, која ќе стапи на сила на почетокот на февруари, да ја зголеми стапката на вакцинација на повеќе од 85 проценти.

Во моментов, 75,39 отсто од австриските граѓани примиле најмалку една доза од вакцината, 71,45 отсто од двете дози, а 48,13 отсто примиле бустер доза.

Поврзани новости