640
Александар Шаленберг денеска положи заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен, со што стана нов канцелар на Австрија.
Шаленберг го смени Себастијан Курц на функцијата канцелар, кој поднесе оставка под притисок поради истрагата на Обвинителството за економски криминал и корупција и го предложи досегашниот шеф на дипломатијата за нов канцелар.
На церемонија Шаленберг се заколна дека ќе го почитува Уставот и законите во државата. По него заклевта положи и новиот министер за надворешни работи Михаел Линхард кој беше амбасадор на Австрија во Франција.